РЕВОЛУЦИЈА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА АСФАЛТ


ЕКОЛОШКИ АДИТИВИ НА ИДНИНАТА

ЕКОЛОГИЈА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА АСФАЛТ

Еколошките предности на нашите производи се неспоредливи во однос на конкурентите. Технички и економски предности:

  • Постапката на производство е иста како и со користење на полимеризираниот битумен;
  • Наместо полимеризиран битумен, се користи обичен битумен со додавање на нашиот полимер;
  • Производството на асфалт не зависи од производството на полимеризиран битумен во рафинеријата;
  • Не постои ризик од пропаѓање на набавениот битумен заради одложеното асфалтирање предизвикано од лошото време;
  • Нема трошоци за одржување на полимеризираниот битумен во течна состојба;
  • Подолг век на траење на асфалтот како и пониски трошоци за изведба.

nimble_asset_Polimer-za-asfalt-PB25
ПОЛИМЕР PB25

Полимерот PB25, заедно со обичен битумен, ја елиминира потребата од користење на полимеризиран битумен во процесот на производство на асфалт. За време на фазата на производството, тој ги модифицира карактеристиките и на битуменот и на агрегатите и овозможува зголемување на физичките и механичките карактеристики на асфалтот, без никакви промени во производните параметри.

Со Полимер PB25 се заштедува многу на произведен тон асфалт.

ПРОИЗВОДИ

Асфалтните адитиви се развиени за да овозможат подобрување на перформансите, издржливоста и отпорноста на патот.

Нашите адитиви вклучуваат активатори, фибери, полимери, флуксови, регенератори и асфалтни бои.

Со употребата на овие производи се овозможуваат одлични физички и механички својства. Во исто време, се намалуваат трошоците за вградување и емисија на загадливи материи.

POLYGEN NANO

Регенераторот NANO овозможува создавање на идеален ладен асфалт за одржување на патиштата формирани од 100% изгребан асфалт.

POLYGEN NANO се дозира директно на гребениот асфалт (со максимална препорачана големина на зрно од 8 мм) и се меша додека не се создаде хомогена дисперзија на адитивот. Така произведената мешавина може да се складира и користи понатаму.

FIBER FB50

Влакната FB50 може да се користат во било која битуменска смеса, произведена со висок процент на битумен (SMA, дренажа). Се додава директно во миксерот на производствената постројка за време на фазата на производство, со употреба на автоматски дозер или со рачно дозирање.

Дозирањето зависи од природата на агрегатот и видот на битумен. Се користи од 0,5% во вкупната тежина на смесата (од 5 кг на тон). Производот може да се чува 24 месеци во оригинално и затворено пакување на температура помеѓу 5 ° C и 30 ° C.

ДОЗЕР МАШИНИ

POLYDOSE дозерите може да се инсталираат на која било линија за производство на битуменски мешавини, имаат големи капацитети на производство, моќни вентилатори и може да бидат опремени со системи за спречување на затнување, со цел да се овозможат прецизни и брзи дози без да се забави работата, дури и ако се поставени на голема оддалеченост од линискиот миксер.

ЗА НАС

Компанијата „Eco-Asfalt“ е ексклузивен застапник на „Polycykle Road Plastic & Recycling“, од Италија.

Polycykle

Благодарение на долгогодишното напредно технолошко испитување и развој, Polycykle нуди алтернатива во производството на нови материјали и реализација на еколошки готови производи што се користат во производството и одржувањето на патиштата.
За повеќе информации, посетете ја polycycle.com

Квалитет

Тестирање на квалитетот на производот беше извршено во секоја земја каде што се користат производите. Тестовите ги потврдија одличните резултати. Во Република Северна Македонија, испитувањето го спроведе „Лабинг“ Скопје.

Референци

Аеродром во Верона (Италија);
Аеродром Тревизо (Италија);
Воен аеродром Чампино (Италија);
Автопат Арад-Дева (Романија);
Автопат Ровиго-Верона (Италија);
Обиколница Падова (Италија);
Логистички центар за тешки возила Амазон (Италија).

„Вистинска РЕВОЛУЦИЈА во производството на асфалт, која освен што ги исполнува сите потреби за заштита на животната средина, исто така им овозможува на компаниите да ги избегнат непотребните и големи трошоци“.
The Ferrara’s News