Квалитет на асфалтот

Квалитетот на асфалтот директно влијае на тоа колку долго асфалтната површина ќе се спротивставува на временските услови и на континуирана употреба со текот на времето. Добро изградениот пат има подолг период на експлоатација и помалку шанси да бара репарација во првите неколку години. Успешните производители на асфалт секогаш ги следат тековните технолошки достигнувања и одржуваат мерки за контрола на квалитетот.

Квалитетот на асфалтот е особено важен за изведувачот на патишта ако, како изведувач, има обврска да го одржува во одреден временски период. Ако патот е квалитетен, трошоците за поправка ќе бидат минимизирани, со што ќе се постигнат значителни заштеди.

Безбедноста на патиштата е еден од основните услови што треба да ги исполнува патот. Оштетувањата на патот негативно влијаат на безбедноста на учесниците во сообраќајот, а со квалитетен асфалт, штетите ќе бидат сведени на минимум.

Материјали за изградба и одржување на патишта

За да се направи квалитетен асфалт, мора да се изберат соодветни материјали и соодветен состав на асфалтната маса. При вградувањето на асфалтот се користат неврзувачки и сврзувачки материјали.

Неврзувачките материјали (агрегати) може да се најдат во природата или да се добијат со преработка. Целосното управување со квалитетот започнува од моментот на собирањето и обработката на овие агрегатни материјали. За да се создаде оптимална мешавинамора да се користат агрегати со различна големина и сите агрегати мора да бидат тестирани за да се осигура квалитетот.

Сврзувачките материјали се добиваат кога врзивно средство се меша со агрегатот.При изградбата на патиштатавоглавно се користи битуменот како врзивно средство. Важен чекор приизградбата на квалитетен пат е да се одреди точниот вид и процентуалниот уделот на битуменот во асфалтот и адитивите кои ги подобруваат карактеристиките на асфалтот. Благодарение на варијабилноста на видот и количината на компонентите, можно е да се произведе асфалт кој ќе има различни својства и со тоа да се прилагоди на специфичните потреби и барања.

Покрај употребата на квалитетни агрегати и врзивни материјали, за да се добие квалитетен асфалт, важно е да се одреди и оптималниот однос на компонентите во смесата. Оптималниот состав на асфалтната мешавина е од витално значење за издржливоста и стабилноста на асфалтниот пат. Ако има малку врзивно средство во смесата, тоа ќе биде порозно, зрната нема да бидат добро поврзани едни со други, а асфалтот вграден на овој начин ќе биде кршлив, неотпорен на надворешни влијанија. Спротивно на тоа, асфалтната мешавина со многу врзивани средства е мрсна, ја нема потребната стабилност и лесно се деформира при густ сообраќај.

Поквалитетен и подобар избор

Кога се носи одлука за правење пат, дали поскапиот избор е секогаш и подобар избор?
Секогаш се очекува подобар квалитет за повисока цена, но тоа не е секогаш така. Со развојот на технологијата, се овозможи да се добијат поквалитетни патишта со пониски трошоци за изградба. Ова се должи на адитивите кои го менуваат хемискиот состав на смесата.

Избор помеѓу рафинериски полимеризиран битумен и битумен за патишта со адитив

Полимеризиран битумен

Првата опција е со агрегатитеда се користи полимеризиранбитумен. Полимеризиранбитумен се добива во рафинерија, со мешање на битумен за патишта и полимер. Мешавината добиена на овој начин е чувствителна на надворешните услови и не може да се чува подолго време, а поради неповолни временски услови, смесата може да пропадне (поради неможноста за подолго чување).

Битумен запатишта и адитив

Друга опција е со агрегатида се користи битумен за патишта и адитив полимер PB25. На овој начин се стекнува независност од рафинеријата, производството е значително поповолно и покрај тоа има индиректни заштеди како резултат на не-складирањето и ракувањето со полимеризираниот битумен.

Употребата на овој избор за изградба на патишта ја нарекуваме „подобрено производство на асфалт“. Овој производ претставува револуција во изведбата на патиштата и покрај заштедите во изградбата на патиштата, носи и низа други придобивки.

Квалитетот на асфалтот, неговата издржливост и отпорност може дополнително да се подобрат со намалување на аголот на контакт помеѓу битуменот и агрегатот. Ова може да се постигне со додавање на мала количина на активатор FO.