POLYGEN NANO

ОПИС

Регенераторот NANO се користи за правење на ладен асфалт за одржување на патиштата во зима, користејќи 100% рециклиран асфалт (RAP). Животниот век на поправените делови (закрпените дупки) направени со оваа студена постапка е од една до две години.

ПРИМЕНА

Регенераторот NANO овозможува создавање на идеален ладен асфалт за одржување на патиштата формирани од 100% изгребан асфалт.

НАЧИН НА УПОТРЕБА

POLYGEN NANO се дозира директно во гребениот асфалт (со максимална препорачана големина на зрно од 8 мм) и се меша се до хомогена дисперзија на адитивот. Така произведената мешавина може да се пакува и да се складира за понатамошно користење.

ДОЗИРАЊЕ

Просечната доза на POLYGEN NANO се движи од 1,5% до 2% од тежината на гребениот асфалт, а можно е зголемување на дозата на POLYGEN NANO во случај ако е многу стар гребениот асфалт особено ако е оксидиран. При зголемување на дозата на POLYGEN NANO се зголемува можното време на складирање на производот за понатамошна употреба.

СКЛАДИРАЊЕ

POLYGEN NANO може да се чува 24 месеци во неговата оригинална и затворена амбалажа на температура од 5°C до 30°C. Во зависност од температурата на складирање, производот може да варира со вискозноста, но неговите карактеристики не се загрозени.

БЕЗБЕДНОСТ

За повеќе информации во врска со класификацијата, мерките за заштита и мерките во случај на пожар, видете го листот за податоци за безбедност на производот, достапен со барање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Совет за тоа како се користи овој производ кореспондира со моменталната состојба на нашето искуство и не подразбира претпоставки за никаква гаранција и/или одговорност за конечниот резултат на работите.