ОПИС
Регенераторот RC е адитив кој ја регенерира, ја олеснува обработливоста и ги антиоксидира битуменозираните мешавини кои содржат висок процент на рециклиран асфалт (РАП), така што ја намалува нивната вискозност. Неговата точна доза овозможува активирање на својствата на битуменската врска (природен битумен + битумен од изгребан асфалт) до типичните вредности на смесата без рециклираниот материјал.
АПЛИКАЦИЈА
POLYGEN RC може да се користи во секаков вид жешка асфалтна мешавина.
НАЧИН НА УПОТРЕБА
POLYGEN RC се додава директно во миксерот на производствената постројка во текот на производство, со употреба на автоматска пумпа.
ДОЗИРАЊЕ
Дозирањето зависи од процентот на рециклиран асфалт (RAP) кој се додава во смесата и од работните услови (температура, оддалеченост од градилиштето, влажност на изгребаниот асфалт и др.). Производот се додава во опсег од 0,2-0,3% по тежина на употребениот рециклиран материјал.
СКЛАДИРАЊЕ
Производот може да се чува 24 месеци во оригинално и затворено пакување на температура помеѓу 5 ° C и 30 ° C. Во зависност од температурата на складирање, вискозноста на производот може да варира, но тоа не влијае на неговите карактеристики.
БЕЗБЕДНОСТ
Овој производ не е класифициран како опасен. За повеќе информации, видете го листот за податоци за безбедноста на производот, кој е достапен на Ваше барање.
